Кинел златни ланчиња од врат на девојки и ги продавал во златари

by fokus

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Ј. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во март и мај 2018 година извршил две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, казниво по член 236 став 1/3 од Кривичниот законик на Република Македонија, и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 65.000 денари.

„На 09.03.2018 година околу 16.30 часот, движејќи со по бул. „ВМРО“, пријавениот се доближил од позади до оштетената и со употреба на сила и го скинал златното ланче од вратот, по што побегнал во непознат правец. Подоцна, одземеното златно ланче го продал во населба Шуто Оризари. Кривичното дело го повторил и на 07.05.2018 година. Околу 11.45 часот на ул. „Кирил и Методиј“, на ист начин одзел златно ланче од друга оштетена, по што побегнал“, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости