Пукна брана во Кенија, бројот на жртви непознат

by fokus 09:53
09:53

По повеќенеделни обилни врнежи дожд во кенискиот град Солај пукна брана, а локалните власти соопштија дека е предизвикана голема материјална штета како и дека има жртви.

Браната пукнала синоќа во Солај во областа Накуру, на 190 километри северозападно од Најроби.

– Водата предизвика огромна штета, а има и човечки животи. Големината на штетата се уште се утврдува, изјави гувернерот на Накуру, Ли Кинјаџуи.

Кинескиот Црвен крст на Твитер напиша дека досега се спасени 39 лица.

За сега не е познато колку луѓе загинале.

Поврзани новости