Кичеец веќе десетина дена е на слобода, понудил гаранција од 240.000 евра

by fokus

Зоран Милевски Кичеец, осуден во случајот “Рекет”, веќе десетина дена е на слобода, односно укината му е мерката куќен притвор, која му беше одредена до правосилноста на пресудата.

Адвокатот Александар Новакоски вели дека Кичеец понудил гаранција и истата била прифатена.

-Понуди гаранција во имот, проценет околу 240.000 евра, појаснува за “Фокус” адвокатот Новакоски.

Кичеец по признанието на вина во случајот “Рекет” беше осуден на казна затвор од три години. Тој до Апелација се жалеше во однос на висината на казната, но се уште нема одлука.

Во “Рекет” покрај Кичеец обвинети се и Катица Јанева и Бојан Јовановски.

В.В.

 

Поврзани новости