Ќе се гласа за составот на комисиите – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе претседаваат со по осум комисии, ДУИ со три

by fokus

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска во 11 часот ќе одржи седница на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов веќе потврди дека парламентарните партии постигнале договор за тоа кој ќе претседава комисиите. Потоа составот на комисиите треба да помине и на пленарна седница.

Пратениците од СДСМ ќе претседаваат со осум собраниски комисии, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така со осум, ДУИ со три вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието, пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседаваат со две комисии, а Беса со една.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе одржи брифинг со новинарите, прв по неговиот повторен избор, по што се очекува да се знае кога ќе биде свикана седницата на која треба да се гласа за составот на Комисиите и како ќе се одвива натамошната работа на Парламентот.

Поврзани новости