Казни за 199 возачи во Скопје, 32 за брзо возење, 16 без возачка

by Fokus

Во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, 16 санкции за возење без возачка дозвола и девет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР денеска соопштија дека се изречени и 13 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за непочитување на првенство на минување, седум за некористење сигурносен појас и 68 за непрописно паркирани возила.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости