Наместо во 14-дневна домашна изолација, како што е предвидено, 19 грчки граѓани кои се вратиле од странство, при спроведените контроли биле надвор од домовите и им била изречена казна од 5.000 евра, според заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на викендот, во координација на Министерството за надворешни работи на Грција, со бродови и чартер летови се враќаа Грци кои живеат во Италија, Шпанија, Србија, Украина, Чешка, Полска.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис, во интервју за државната телевизија „ЕРТ“ рече дека над 1000 грчки граѓани се вратени во Грција и уште еднаш повтори дека сите треба да се самоизолираат 14 дена, а „не да одат да ги видат родителите и пријателите“.
Според Варвициотис, на Кипар има околу 280 грчки граѓани кои сакаат да се вратат.