Катица Јанева не поднела писмена оставка, усната не важи

by fokus

Не постои оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева се додека таа не биде писмено доставена до Советот на јавни обвинители, сметаат експертите. Од друга страна, ако оставката стане ефективна, без Јанева не постои ниту Специјалното јавно обвинителство и во август не можат да продолжат судењата по десетината преостанати предмети што СЈО ги води пред судовите, па некои експерти сметаат дека треба веднаш да се бира нов специјален обвинител според актуелниот закон за СЈО, пишува Слободен печат.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од специјалната обвинителка Јанева.

– Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот – вели Штерјев за „Слободен печат“.

Поврзани новости