Се судрија комбе и автобус, еден загинат и повеќе повредени

by fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село при директен судар помеѓу комбе и авотбус.

Како што информираше Верољуб Додевски од СВР Велес,  има еден загинат и повеќе повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во Општата болница во Велес.

На местото на настанот имаат и екипи од противпожарната единица кои ги извлекуваат повредените од автобусот. Полицијата  врши увид на местото на настанот

Поврзани новости