Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е приклучена на респиратор, поради влошување на здравствената состојба како последица на корона вирусот.
Здравствената состојба на Тимошенко била критична, температурата не ѝ паѓала под 39 степени Целзиусови, па лекарите одлучиле да ја приклучат на респиратор.
Нејзината ќекра Евгенија и зетот Артур Чечоткин, исто така се заразени со корона вирус, но тие имаат поблага форма на болеста.
Тимошенко (59), која два пати беше премиерка пред поразот на претседателските избори во 2010 година, стана првата висока украинска политичарка која доби Ковид-19.
Во Украина неделава дојде до нагло растење на бројот на инфекции, со нови 2.328 случаи пријавени во саботата, 1.984 во енделата, 1.802 вчера и 1.658 денеска.
Вкупно во Украина заразени се 108.415, а бројот на починати е 2.318.