Јавната седница за случајот „Монструм“ одложена за 12-ти септември

by fokus

Повторно е одложена јавната седница за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско Езеро која беше закажана за денеска. Поради неисполнување на законски претпоставки истата е презакажана за 12-ти септември.

Адвокатите појаснија дека и јавниот обвинител претходно бараше одложување на неопределено време за да може Врховниот суд да ги прибави доказите и новите факти кои веројатно ги поседува Специјалното јавно обвинителство.

Судот на претходното рочиште прифати да ги побара и да ги земе во предвид доказите на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, кои на прес-конференција истакнаа дека водат предистражна постапка за случајот „Монструм“.

Поврзани новости