Елснер: Телеком ја зголемува соработката со СЈО, нашиот интерес е чисто деловен

by fokus

Главниот извршен директор на Македонски телеком, Андреас Елснер, денеска изјави дека имале состаноци со Специјалното јавно обвинителство и дека прават се што е во нивна можност за зголемување на соработката.

„Можам да ве уверам дека како компанија на Дојче телеком која што ги спроведува политиките на Дојче телеком и Маџар телеком и законите во земјата правиме се да соработуваме со властите во земјата. Имавме состаноци со Јавното обвинителство односно со СЈО и правиме се што можеме за да ја зголемиме соработката затоа што нашиот интерес е чисто деловен. Почнавме оваа година и ќе продолжиме да соработуваме во истата насока“, изјави Елснер одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција на компанијата.

 

Поврзани новости