Измамник извлекол пари од неколку компании лажно претставувајќи се како одговорно лице во Катлановска бања

by Фокус

Скопската пекара Мафини денес обелодени дека била жртва на измама од страна на измамник, кој лажно претставувајќи се како одговорно лице во Катлановска Бања побарало пекарата да врши снабдување со сопствени производи за време на карантинот.

„Откако соработката беше договорена телефонски, без личен контакт, согласно целосниот карантин викендов, утрово договоривме лична средба (каде ќе му бидат предадени примероци од производите) во Катлановска бања, од причина што истото лице информираше дека е прва смена на работа. Кратко пред да се упатиме таму, истиот повторно не контактираше, замолувајќи не за голема услуга, да излеземе во пресрет и 4.300 денари да предадеме на лице коешто треба да направи набавка на неопходни материјали наменети за просториите во бањата, при што истиот износ ќе ни го врати половина час подоцна при договорената средба. Пекара Мафини, сакајќи да излезе пријателски и професионално во пресрет се согласи, при што истиот износ го предаде на посоченото лице во населба Маџари. Веднаш по предавањето на износот се упативме во К.бања, со веќе приготвени примероци од производите, каде што при пристигнувањето добивме информација од службените лица дека такво лице таму не постои и станува збор за голема измама која трае веќе некој период и дека не сме првите измамени. Нормално на телефонскиот број не ни одговори никој, а по неколку обиди истиот беше веќе недостапен“, информираа од пекарата преку официјалната фејсбук страна.

Од таму уште додаваат дека на лице место во исто време пристигнал претставник и од друго правно лице со друга дејност, кое исто така потврдило дека е изиграно на истиот начин.

Поврзани новости