Следуваат врнежи од дожд, на повисоките места и на планините снег – детали

by fokus

Во текот на денешниот ден нашата држава ќе биде зафатена од брз фронтален систем од север. Токму ова ќе услови зголемување на облачноста и на повеќе места врнежи од дожд, на планините а потоа и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер. Најпрвин ветерот ќе биде од југозападен и западен, а потоа од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, меѓутоа попладне ќе започнат да опаѓаат. Во Скопје и околината, особено попладне и навечер се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува најпрвин југозападен, потоа повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 18 степени. Потоа од среда се очекува стабилизација на времето а температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости