ВИДЕО Жители на скопско Сингелиќ протестираа за време на полициски час, 3 лица беа приведени па ослободени

by Фокус

Жители на скопската населба Сингелиќ вечерва излегоа на протест, откако полицијата за време на полицискиот час уапсила три лица.

Лицата се уапсени бидејќи не ја почитувале забраната за движење од 16 часот до 5 часот наутро, меѓутоа дел од жителите тврдат дека полицијата им влегла во дворовите.

На терен се појави и градоначалникот на Општина Гази Баба. Борис Георгиевски, кој пред присутните рече дека ќе вложи напор уапсените да бидат ослободени.

Набргу потоа, полицијата ги ослободите тројцата уапсени, по што граѓаните почнаа да ја ослободуваат улицата.

Видеото е на телевизијата Клан.

Поврзани новости