Ивковски: Едвај чекам да помине ковид кризата и да гушнам најблиските, носете маска и држете дистанца

by fokus

Дарко Ивковски, од Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија, апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките, за да сите можеме безгрижно да ги гушнеме најмилите.

„Сите имаме дома семејства и не сакаме да ги доведеме нашите пациенти и најблиски во ризик. Работиме со онколошки пациенти и максимално сме заштитени. Поставивме протоколи за движење низ установата обележани со црвена, жолта и зелена зона.

Од првиот случај со ковид-19, ниту еден пациент не беше вратен. Сите пациенти ја примаа терапијата што им беше задолжителна. Заштитата на нашите пациенти е најважна затоа што со примањето на хемотерапијата нивниот организам е слаб, а со тоа и имунитетот слабее и се изложени на голем број инфекции од кои и коронавирусот.
Воведовме дисперзија на лековите ширум државата за заштита на пациентите.

Апелирам на почитување на мерките. Да носиме маска, често да ги миеме рацете и да ја одржуваме потребната физичка дистанца. Едвај чекам да помине ковид кризата и да ги гушнам сите оние кои ги сакам – моите најблиски“, вели Ивковски.

Поврзани новости