Италијанка по третпат заразена со корона вирусот

by fokus

Италијанка од Ломбардија за време на летниот годишен одмор на островот Сардинија открила дека третпат се заразила со вирусот Ковид-19.

Италијанката, која била на одмор во градот Тертенија на Сардинија, поради други здравствени причини отишла во болница каде што открила дека е повторно позитивна на Ковид-19.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, таа претходно во два наврати била во болница поради вирусот, по што била излекувана, односно имала негативни резултати од тестот за коронавирус. Сега е хоспитализирана во градот Ланузеи.

Според соопштението од локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според „антиковид“ протоколот, нејзините контакти ќе се следат за да се утврди дали има други заразени.

Поврзани новости