И Тортевски во трката за градоначалник на Скопје

by fokus

Вечерва, и адвокатот Александар Тортевски, еден од основачите на партијата “Твоја”, ја најави својата кандидатура за претстојните локални избори, како кандидат за Град Скопје.

Тој вели дека во вторник на официјална прес конференција ќе ја соопшти официјалната одлука.

-Се уште не сум ја објавил официјално кандидатурата. Во вторник ќе имаме официјална прес конференција и ќе промовираме дел од кандидатите. Јас сигурно ќе одам за Скопје, напиша Тортевски на Твитер.

Поврзани новости