Курц реизбран за лидер на Народната партија

by fokus

Конзервативната австриска народна партија (ОВП) со големо мнозинство гласаше денеска за реизбор на канцеларот Себастијан Курц за нејзин лидер.

На партиски собир, Курц (35) доби поддршка од 533 од 536 делегати, или 99,4 проценти. Тој ја предводеше партијата од 2017 година, а подоцна истата година стана најмладиот канцелар во земјата, пренесува „ЕУ опсервер“.

Обраќајќи им се на сопартијците пред гласањето во Сент Полтен, Курц зборуваше за низа теми и политички приоритети. Тој ја нагласи потребата да се продолжи кампањата за вакцинација против коронавирусот во земјата, а во однос на бегалците од Авганистан рече дека Австрија „не треба да прима повеќе луѓе отколку што ние можеме да се интегрираме“.

Поврзани новости