Хрватска добива маски кои го убиваат вирусот, цената ги изненади сите

by fokus

Од наредната недела Хрватска ќе добие маски кои го убиваат вирусот, за тамошните медиуми информира Ана Солдо, претседателка на Хрватската лекарска комора.

Станува збор за заштитни маски кои доаѓаат од Израел, направени од бакароксид со антивирусно и антибактериско дејство, кои превенираат секундарни инфекции.

-Маската е важен производ и многу е важно да може да се користи долготрајно. Се работи за трослојна маска која внатре има бакароксид и ги го превенира навлегувањето на вируси и бактерии. Овие маски се долготрајни, можат да се користат и до 12 месеци. Нивната цена треба да се движи околу 40 куни (330 денари)- појасни Солдо.

Коментарите на социјалните мрежи во Хрватска по повод цената на антивирусните маски кои се очекуваат на нивниот пазар се позитивни. Како споредба, хируршките маски кои сега се користат како заштита, и треба да се менуваат секој ден, се продаваат по цена од 20 денари нагоре.

Вики Клинчарова

Поврзани новости