Хоџа: Министерството за земјоделство ќе биде партнер на земјоделците и на откупувачите

by Frosina Fakova

МЗШВ ќе биде партнер со земјоделците, а заедно со нив ќе биде и партнер со откупувачите за да можеме да го зајакнеме земјоделството како гранка, бидејќи од тоа зависи и развојот на економијата на нашата држава, порача новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа по преземањето на должноста од неговиот претходник Трајан Димковски.

-Мило ми е што во Министерството наоѓам тим што сработил и има добри проекти што се во тек, но ние можеме уште повеќе и уште подобро да работиме. Приоритет ќе ни биде да бидеме партнери со земјоделците и откупувачите за заеднички да ја развиеме оваа гранка. Воедно приоритет ќе ни биде и усогласувањето на законодавството со европското за да можеме побрзо да ги завршиме пристапните преговори и побрзо да пристапиме до фондовите како сите други европски држави. Преку земјоделството ќе се потрудиме да отвориме самовработување за земјоделците за да можат да имаат достоен живот и нивната иднина да ја градат тука во нашата држава и на тој начин да можеме да го искористиме целиот труд на земјоделците за да одиме напред, рече Хоџа.

МЗШВ, како што истакна, е комплексно Министерство и голем предизвик за него и за партијата што го предложила за да можат да работат во интерес на земјоделците.

Поврзани новости