Ѓубретар од Струмица силувал девојка со пречки во развојот

by fokus

Против 32-годишен струмичанец е поднесен обвинителен акт за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице. Тој е осомничен дека силувал девојка со посебни потреби. Обвинителот до Основниот суд Струмица достави и предлог да му биде продолжена мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.

„Обвинетиот на возраст од триесет и две години го искористил претходното познанство со жртвата, па на  11 декември во домот на жртвата во струмичко, го извршил делото  напаѓајќи ја оштетената-лице со пречки во развојот и вршејќи обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот беше веднаш лишен од слобода, а Основното јавно обвинителство Струмица веднаш презеде дејствија за расчистување на настанот“, информираат од Јавното обвинителство.​

Поврзани новости