316
Премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вторник ќе остварат средба во Европскиот парламент во Стразбур. На средбата ќе присуствуваат и европарламентарците, на чија иницијатива се овие преговори.
Ова е уште еден обид на европарламентарците да помогнат во изнаоѓањето на излез од политичката криза во Македонија.
За да може да присустува на средбата, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му бил вратен пасошот, кој му беше одземен поради случајот „Пуч“.