Заев: Дури 4.600 од протестантите најавија дека ќе кампуваат на улица

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска истакна дека власта им прави опструкции за задушување на протестот, но посочи дека тоа нема да го дозволат, бидејќи протестот ќе се случи во недела. Тој најави дека дури 4.600 граѓани истакнале дека за нив протестот нема да заврши во недела, туку се спремни да кампуваат на улица.

-Превозниците со кои договараме, поради притисок, ни ги откажуваат услугите, но ние ќе најдеме решение, ако треба луѓето ќе ги носиме со камиони, багери и трактори, а се организираме дел да стигнат и со возови. Апелирам до Никола Груевски да не се труди да го спречи протестот, бидејќи нема да успее, вели Заев.

Тој додаде дека СДСМ ќе превземе се за да протестот помине во мирна атмосфера, без насилство.

Поврзани новости