Тие биле сместени во подруми во две згради во округот Милтенберг во Баварија, изјави во саботата портпаролот на баварската полиција.

Двата салона биле професионално опремени, додаде тој.

Две лица чекале за фризура во зграда во Елсенфелд, додека полицајците пронашле уште едно лице во фризерскиот стол во Момлинген.

Три лица се приведени за нарушувања на мерките при пандемија. Инспекторите проверуваат дали фризерите имале регистрирана дејност и дали ги наплаќале услугите.