Генералниот директор на ЕЛЕМ поднесе оставка од две функции во Владата

by Fokus 16:06
16:06

Христијан Мицковски, генералниот директор на ЕЛЕМ, поднел барање за раскинување на договорот како надворешен соработник од областа за енергетика во претходната влада.

Мицковски поднел и неотповиклива оставка од член на Комисијата за спроведување на постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас.

- Advertisements -

Тој се повлекува поради различните визии и концепти со новата влада на Зоран Заев.

Поврзани новости