Белји: САД поддржуваат заедничко прифатливо решение за прашањето за името

by fokus

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска изјави дека САД секогаш ја поддржувале Македонија и дека поддржуваат заеднички прифатливо решение за прашањето за името.

„Добро е што Мкаедонија има разговори со Грција и другите земји во соседството. Нема да зборувам за резултатите, за тоа ќе зборуваат само партнерите. САД од секогаш ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат на нејзиниот пат и аспирација кон ЕУ и НАТО“, рече Бејли.

Тој истакна дека реформите кои сега се носат се многу важни во однос на владеењето на правото.

Поврзани новости