Извештај на УНЕСКО за состојбата во заштитениот Охридски Регион

by Fokus

Мисијата на УНЕСКО изразува загриженост од зголемување на сообраќајот и туризмот, како и од другите слични несоодветни инфраструктурни проекти, вклучувајќи го предложениот проект за развој на ски-центар ‘Галичица’ и други поединечни и некоординирани проекти за урбан развој. Сето ова може да ги влоши клучните атрибути на природните и културните вредности од природното и културното наследство, како што е целокупната форма на монументалниот урбан ентитет и биодиверзитетот во езерските води, доколку не се преземат итни мерки“, се наведува во извештајот на УНЕСКО, што го објави Академик.

Во извештајот се оценува дека состојбата е се полоша и дека е можна сериозна деградација на овој заштитен еко систем, поради несоодветни инфраструктурни проекти.

Мисијата изразува загриженост од зголемување на сообраќајот и туризмот, како и од другите слични несоодветни инфраструктурни проекти, вклучувајќи го предложениот проект за развој на ски-центар ‘Галичица’ и други поединечни и некоординирани проекти за урбан развој. Сето ова може да ги влоши клучните атрибути на природните и културните вредности од природното и културното наследство, како што е целокупната форма на монументалниот урбан ентитет и биодиверзитетот во езерските води, доколку не се преземат итни мерки. Покрај тоа, несоодветниот третман на отпадните води и цврстиот отпад може да предизвикаат еутрофикација и загадување, намалувајќи го олиготрофниот квалитет на водата во езерото, од што зависи нејзината извонредна биолошка разновидност. Мисијата, исто така, го разгледа и железничкиот градежен проект кој го поврзува Кичево со албанската граница, а кој веќе е во својата последна фаза. Генералниот заклучок е дека ова може да биде прифатливо доколку препораките на мисијата бидат спроведени во целост“, се наведува во извештајот на УНЕСКО, нагласувајќи притоа дека организацијата бара од македонските власти веднаш да ги запрат ваквите активности.

УНЕСКО во својот извештај наведува дека македонските власти мора да обрнат внимание на можностите за развивање на еко-туризмот, додека постојните проекти, како што се изградба на ски-центар на планината Галичица, односно во Националниот парк „Галичица“ и експресниот пат кој е планиран да поминува низ таа територија, веднаш да бидат стопирани.

Поврзани новости