Француски епидемиолог: Вакцината против корона вирусот не ја очекувам пред 2022 година

by fokus

Францускиот епидемиолог Арно Фонтане не очекува дека целосно делотворнаа вакцина против корона вирус ќе биде достапна пред 2022 година.

– Развојот на вакцина, по правило, трае неколку години. Би бил изненаден ако имаме ефикасна вакцина во 2021 година, изјави Фонтане за телевизијата БФМТВ.

Советникот на француската Влада ги повика граѓаните да одржуваат растојание и да ја сфатат пандемијата многу сериозно.

Фонтане рече дека граѓаните ќе треба да живеат со корона вирусот долго време и затоа е потребно да се придржуваат кон мерките.

– Ајде да се придржуваме до правилото за држење дистанца ова лето – барем тоа, рече тој, додавајќи дека најголемата опасност доаѓа од големите собири.

Поврзани новости