(ФОТО) Пoчна седницата за конституирање на Собранието: Со посебни протоколи и дистанца

by Fokus

Во Собранието на Република Северна Македонија почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. Со седницата претседава претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери. На почетокот на седницата беше интонирана химната.

Според точките на дневниот ред на седницата ќе се изврши избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието, а потоа ќе следи верификација на мандатите на пратениците во Собранието.

Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Функцијата претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, па не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница.

Поврзани новости