ФОТО Оштетен македонски автомобил во Солун, ја откорнале табличката и го мавале со јајца

by fokus

Средношколци кои протестираа против Договорот од Преспа оштетиле автомобил со македонски регистарски таблички паркиран во Солун. Како што пренесуваат грчките медиуми група демонстранти ја откорнале регистарската табличка, а возилото го мавале со ѓубре и јајца.

Според грчките медиуми демонстрантите биле испровоцирани од меѓународната ознака МК на табличките. Според Договорот од Преспа во иднина ознаката на регистарските таблички на возилата наместо МК ќе биде НМК.

Поврзани новости