Формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавка на храна и лекови за граѓани во самоизолација

by fokus

Формирани се мобилни тимови на Црвениот крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите, информира Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови, се додава во соопштението на Министертсвото, се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

– Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови, соопшти Министерството.

Контакти по градови – Битола 047 236 019 од 8 до 12 часот, Делчево 033 412 010 од 9 до 13 часот, Велес 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 од 8 до 18 часот, Кавадарци 070 239 352, Кичево 045 225 324 од 8:30 до 12 часот, Кочани 071 373 677 од 9-14 часот, Крушево 071 379 920 од 8-12 часот, Охрид 046 261 909, 070 315 309, 13 112 од 8 до 16 часот, Свети Николе 032 443 171, 074 600 171 од 8-13 часот, Струга 071 398 424 од 8 до 12 часот, Струмица 071 345 901 од 10 до 12 часот, Тетово 044 336 374 од 9 до 15 часот, Штип 074 203 030 од 8 до 16 часот.

– Црвен крст на Град Скопје – тим за бездомници 02 3096 227 од 8:30 до 12:30, Чаир 070 208 383, 02 2621 924 од 8:30 до 12:30, Карпош 071 349 230, 02 3068 806 од 8:30 до 12:30, Кисела Вода 071 349 225, 02 3211 417 од 8:30-12:30, Гази Баба 071 243 078, 02 2529 153 од 8:30-12:30, Центар 070 297 166, 02 3115 029 од 8:30 до 12:30, Куманово 075/207-126 и 077/719-494 од 8 до 16 часот, Крива Паланка 078 303 060, Радовиш 072 277177, Гостивар 042 216 488, Валандово 071239849, 078325978 од 10 до 14 часот, Гевгелија 071-714-105 и Демир Хисар 047-276-861; 071-505-724 од 8:30 – 14:30 часот, стои во соопштението.

Поврзани новости