Форбс објави листа на 100 земји кои се најбезбедни за време на пандемијата, Македонија е на 103-то место

by fokus

Форбс објави листа со која покажува  кои 100 земји се најбезбедни во време на пандемијата на коронавирусот. На првото место е Швајцарија, втора на листата е Германија, на трето место е Израел, потоа доаѓа Сингапур, Јапонија, Австралија и Кина на седмо место.

Според анализата Македонија е сместена на 103. место, а како најопасна земји се смета Јужен Судан.

Поголем дел од земјите во регионот се најдоа меѓу првите 100.

Од регионов најдобро е позиционирана Словенија на 32. место, четири места зад неа е Хрватска, додека Црна Гора е на 42. место. Србија пак се најде на 54. место, а Албанија на 88. место.

Податоците се базираат на 130 параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикасност на владите.

Во овој момент, според извештајот, најопасни држави се Африка, Јужна Америка, како и некои блискоисточни земји и држави од Пацификот.

Поврзани новости