Едукаторите на Ц.С.И.Надеж ќе објавуваат едукативни содржини за сите деца, читајте ги на „Фокус“!
Едукаторите од Центарот за социјални иницијативи Надеж од денеска почнуваат со изработка на едукативни содржини кои сите деца ќе можат да ги користат додека учебната година е во прекин. Содржините ќе бидат објавувани на официјалната Фејсбук страница на Ц.С.И. Надеж, како и на сајтот на Фокус.
Ќе има едукативни содржини за деца од предучилишна возраст, како и за деца од основно образование. Ќе читаме приказни, ќе решаваме задачи и ќе учиме од дома. А, во овие моменти тоа е најважно: да останеме дома. Да ги заштитиме нашите деца и да придонесеме ситуацијата побрзо да се нормализира.
Ова е мал придонес на „Фокус“ за полесно надминување на оваа ситуација со корона вирусот. Седи си дома!