Финансова полиција поднесе кривична против Паско Кузман за Светиклиментовиот универзитет

by fokus

Управата за финансова полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за злоупотреба на службената положба и овластување при постапката за возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет. Кривична пријава е поднесено против уште едно лица со иницијали Ш.Ц. од Хрватска.

Според информациите од Управата, Кузман во текот на 2010 година, по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, со изведувачот „Конструктор инженеринг АД Сплит“ со подружница во Македонија, за што била обезбедена гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.

„Управата за заштита на културно наследство го раскинала договорот со „Конструктор инженеринг“ и во текот на 2012 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучила нов Договор за изведба на градежни и градежно занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид со изведувачот – Друштвото Митан Пром од Охрид. Според Управата за финансиска полиција, со горенаведените дејствија првопријавениот П.К., помогнат од второпријавениот Ш.Ц., ја злоупотребил својата службена положа и овластување како директор на Управата за заштита на културно наследство со што му овозможил противправна имотна корист на второпријавениот Ш.Ц и „Конструктор Инженеринг“ АД Сплит за платената лажна времена ситуација во износ од 19.614.482 денари и износ од 14.760.000 денари на име на банкарска гаранција на понуда која првопријавениот пропуштил да ја активира односно на ваков начин го оштетил Буџетот на РМ во вкупен износ од 34.374.482 денари“, велат од Финансова полиција.

Поврзани новости