Филипче: Вакцините штитат и од индискиот сој

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во следниот период следува едно забрзано темпо на вакцинација, откако се покажало дека истите штитат и од индискиот сој на коронавирусот.

Министерот кажа дека имало случаи во други земји каде и вакцинирани се заразиле со индискиот сој, но во огромен процент минале со лесна клиничка слика и без хоспитализација.

„Нашата проценка укажува дека некој нов ризик од нов бран во следниот период нема да има. Но затоа треба да бидеме внимателни. Има случаи на вакцинирани граѓани кои се заразиле со индиски сој во некои земји. Меѓутоа во 98% клиничката слика им е послаба, и нема потреба од хоспитализација. Затоа кај нас сега следува едно забрзано темпо на вакцинација“, вели Филипче.

Поврзани новости