Минатата година починале за 26% повеќе луѓе од 2019 година

by fokus

Минатата година починале вкупно 25.775 граѓани, што е зголемување за дури 26% споредено со 2019 година, се наведува во извештајот на Државниот завод за статистика, објавен пред една недела.

-Поголем број се од машки пол, и тоа 13 914 или 54.0 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 108. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец ноември (3.847), се наведува во извештајот.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.3 години кај лицата од женски пол.

-Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите со 15.2 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 со 10.9 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5.3 % од вкупно умрените, а со 3.7 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност, се наведува во извештајот.

Поврзани новости