Филипче: Родителите можат да бидат кривично гонети доколку не се придружуваат до препораките

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека родителите кои не се придружуваат до препораките на Министерството во услови на прогласена епидемија, како што е овој случај со морбилите, можат да бидат и кривично гонети. Филипче објаснува дека согласно правилникот за имунизација, кога не постои епидемија родителите имаат обврска да ги вакцинираат децата и таа потврда да ја донесат при упис во градинка. Доколку не го направиле тоа, им се заканува казна која се движи помеѓу 300 и 600 евра.

-Кога има период на епидемија постои можност за кривична одговорност до родителите доколку не се придружуваат до препораките кои ги даваме, а се загрозува јавното здравје. Мора луѓето да сфатат дека ова е ситуација која може многу лесно да ескалира, можат да се јават исклучително многу заболени. Следниот период од 2 недели кога завршува инкубацијата на последните примени деца, ќе биде знак дека нема нови заболени и ќе прогласиме дека нема повеќе епидемија. Потоа ќе продолжиме со кампања за подигање свест кај јавноста дека вакцините не се штетни и каква заштита нудат – рече Филипче во гостување на „1ТВ“.

Поврзани новости