Возило на брза помош со пациент се преврте на Плетвар

by fokus

Поради лошите услови на патот, возило на итната медицинска помош од Прилеп, денеска околу 16 часот враќајќи се од Скопје излетало на Плетвар.

Според првичните информации од директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на кровот.

„Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што го зедовме од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа е тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден. Најверојатна причина за несреќата е лизгавиот пат, бидејќи возилото не се движело брзо и се било во ред. По несреќата веднаш повикавме екипа на полициската станица од Прилеп која изврши увид на лице место“, истакна Аџиоска за infokompas.com.mk

Увидот треба да покаже како точно дошло до несреќата. Поради големите оштетувања возилото со шлеп служба е однесено на сервис.

Поврзани новости