Филипче: Нема знаци на влошување на состојбата!

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција по посетата на Гинекологија Чаир повторно истакна дека не се потребни дополнителни мерки по појавувањето на прв случај од сојот омикрон.

„Во моментов нема знаци на влошување на епидемиолошката состојба. Сметам дека сите земји треба да научат да живеат со постоечките мерки, секако тука е и вакцинацијата. Не се потребни нови мерки“, рече Филипче.

Поврзани новости