Филипче: Мерките ги носиме да спасиме животи, седете дома!

by fokus

„Корона вирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка. Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Мерките, посочува тој, мора да се почитуваат.

-Мерките ги носиме за заштита на јавното здравје, за да спасиме животи. Седете дома, заштите се себеси, заштитете ги најблиските, истакнува Филипче.

Поврзани новости