Ништо не видов, само слушнав удар и автобусот се подели на пола, вели средошколец повреден во железничката несреќа во Ниш

by fokus

Слушнав удар и автобусот се подели на пола. Луѓето почнаа да викаат: „Не удри воз!“, вака за „Блиц“ раскажува 16-годишниот Димитрија Јовановиќ, средношколец кој се здоби со полесни повреди во страотната несреќа во која воз преполови автобус утринава во Ниш.

Јовановиќ седел во задниот дел од автобусот кога се случила несреќата. Патувал од дома кон средното школо „Никола Тесла“

-Седев позади, ништо не видов, само го слушав ударот. Излегов надвор и видов луѓе како плачат. Имаше крв насекаде – вели тој.

Во меѓувреме бројот на жртви се искачи на петмина. Двајца возрасни и дете починале на местото на несреќата, а уште две лица животот го загубиле во Клиничкиот центар во Ниш.

За спрските медиуми од болницата велат дека примиле 30 повредени, од нив најмалку десетина се во животна опасност.

Несреќата се случила на премин кој не е заштитен со рампа. Локалните жители велат дека на овој премин барем една годишно се случуваат несреќи. Жителите преку петиција барале да се постави рампа или сигнално осветлување, но ништо не е направено од властите.

Поврзани новости