Мицкоски: Ми се случи еден пех, го објавуваа по сите портали и се смееја, затоа што не знаат што е емоција

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вчерашниот говор пред Владата се осврна на своето обраќање на протестот една недела претходно кога се збуни говорејќи за економијата, поради што мораше да добие бодрење од публиката за да продолжи со говорот.

-Ми се случи еден пех. Го објавуваа по сите портали, се смееја, јас ги разбирам, ги разбирам тие луѓе не знаат што е емоција што е сентимент. За нив е ова обична пљачка и ништо повеќе, но за мене и овие луѓе овде, е многу повеќе од тоа. Тоа е љубов, емоција, живот и се вика Република Македонија. Вие внатре тоа не го разбирате – рече Мицкоски.

Тој на присутните им порача дека борбата штотуку почна. Оваа генерација, рече Мицкоски, има историска шанса да му стави крај на едно неславно владење, кое е последен остаток од транзиција.

Видео од претходниот говор на Мицкоски:

Mickoski emocionohet gjatë protestës në Veles Мицкоски збунет на протестот во Велес

Mickoski emocionohet gjatë protestës në VelesМицкоски збунет на протестот во Велес

Publiée par TV21 sur Dimanche 16 décembre 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

Мицкоски повтори дека останува на ставот, Заев да ја избере телевизијата, времето и местото каде сака да зборуваат отворено.

-И додека глумат сопатници, браќа и сестри, европејци и кога ќе ги повикаме како маж со маж да се соочиме пред вас и пред оние дома и пред македонската јавност и тие нека судат и пресудуваат и за жицата и за тендерите и за лагите и за предавствата и за капитулациите и за криминалот и за ветувањата кои што не се исполнети и за очекувањата кои што не се реализирани. Ќе речат не ние сега нема да полемизираме со опозицијата, зошто, затоа што ни е страв, ние сме јаки од внатре и со маските на глава, а да се покажеме никаде не нема. Бирај и место и водител и време, пред нова година јас и ти тет а тет да зборуваме отворено – му порача Мицкоски на Заев.

Поврзани новости