ЕП ракомет: Црна Гора ја шокираше Хрватска

by Fokus

Репрезентацијата на Црна Гора го направи едно од најголемото изненадувања на Европското ракометно првенство. Попладнево во Будимпешта, Црногорците забележаа триумф над фаворизираните Хрвати со 32:26.

Ова е трета победа за Црна гора на ЕП и прва во Главната рунда. Претходно во прелиминарната фаза беа совладани Словенија и Македонија.

Од Групата-1 до крајот на денот ќе се сретнат: Франција – Холандија и Данска – Исланд.

Во Групата-2, Шведска ја победи Русија со 29:23. Денес уште играат: Германија – Шпанија и Полска – Норвешка.

Поврзани новости