Мицкоски прави обид за пуч во ЛДП, реагираат од партијата

by Фокус

Јасно е како ден дека актуелниот директор на Универзална сала, кој во јавноста ги пласира невистините за претседателот на ЛДП, е во тесна спрега со опозицијата“, реагираат од ЛДП, откако Филип Аврамчев обвини дека Милевски станал министер за локална самоуправа по вторпат без да го испочитува партискиот статус.

„Срамно е што киднапираната ДПМНЕ си дозволи да користи ниски методи за уцена на поединци со цел нанесување на штета на угледот на претседателот на ЛДП и инсталирање за нив „подобен“ претседател кој ќе ја реализира агендата за враќање на власт на нереформираното ДПМНЕ.

Довербата на граѓаните не можете да ја добиете со неоснована црна пропаганда кон политичките опоненти, туку само со проекти и активности.

Заслепени од желбата да делите нови концесии за хидроцентрали, градежни маркици и милионски тендери, како во златните времиња на вашиот ментор Груевски, не ви овозможува да ја согледате реалноста во државата која незапирливо се реформира и нема да дозволи криминалците повторно да ја намирисаат власта.

Мора да разберете дека во политиката не се сите исти. Особено не се како вас, кои од Македонија направивте приватен криминоген вилает.

Времето на промени на системот е започнато и бидете убедени дека такви нереформирани само ќе сонувате за власт“, стои во реакцијата.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Милевски дека си ја третира ЛДП како гранапче и затоа, според нив, молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ.

Дали пратениците на ЛДП ќе му кажат „не“ на Милевски, праша ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани новости