„Екосвест“: Ако не се забрани движењето со автомобили во Центар, залуден е бесплатниот градски превоз

by fokus

Невладината организација „Екосвест“ денеска го поздрави потегот на град Скопје за воведување бесплатен јавен превоз, но посочи дека доколку целосно не се забрани движењето со автомобили во централното градско подрачје ваквата мерка сама по себе нема да постигне никакви резултати во насока на намалување на аерозагадувањето.

-Непреземањето на одговорноста за човековото здравје од страна на Владата на Република Македонија е нешто што е недопустиво. Сметаме дека да дозволиме да имаме енормни вредности од 1200 микрограми на метар кубен е апсолутно недозволиво и сметаме дека крајно време е владините институции да превземат мерки за спречување на загадувањето и стратегија која долгорочно ќе го реши загадувањето. Три години се случува истата ситуација, три години Владата не презема мерки, три години добиваат предлог мерки од граѓани, и од граѓански иницијативи и тие мерки буквално се губат во просторот. Ова е апсолутно недопустиво, рече извршниот директор на „Екосвест“, Ана Чоловиќ Лешоска.

Таа потсети дека загадувањето ги преминува максималните граници препорачани од Светската здравствена организација за повеќе од 10 пати што претставува сериозна закана за здравјето на сите, без разлика на возраста и здравствената состојба.

Поврзани новости