Коцијанчич: Хан ќе се сретне со лидерите на политичките партии

by fokus

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, в четврток во Скопје ќе се сретне и со лидерите на политичките партии што освоија место во македонското Собрание, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска за МИА потврди дека главен настан поради кој Хан доаѓа во Република Македонија е состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика/економија од шесте балкански држави (Македонија, Косово, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора).

-Комесарот Јоханес Хан ќе биде во Скопје во четврток на 9 февруари на состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте земји на Западниот Балкан. Учесниците ќе го забележат постигнатиот напредок во енергетскиот сектор и ќе разговараат за мерки за унапредување на регионалниот пазар на електрична енергија. Исто така, ќе се разговара за подготовка на Самитот за Западен Балкан, што во јули ќе се одржи во Трст, Италија. На маргините, комесарот Хан, исто така, ќе има и билатерални разговори, меѓу кои и со претставници на сите политички партии на земјата-домаќин, изјави Маја Коцијанчич.

Поврзани новости