МНР бара став од Стејт департментот за изјавите на конгресменот Рохрабакер

by fokus

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон по дипломатски пат побара став од американскиот Стејт департмент за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рохрабакер изнесени во интервју за „Визион Плус“ од Тирана.

 „Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во регионот. Истите разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што не враќаат во минатото.

 Веруваме дека Стејт Департментот соодветнo ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и Балканот“, се вели во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи.

Американскиот конгресмен Дана Рохрабакер во интервјуто за „Визион Плус“ рече дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле создадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Бугарија“.

Поврзани новости