ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОГЛЕД НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, ЕДЕН ПОГЛЕД – ЦЕЛА СЛИКА

by Fokus

Пишува: м-р Наташа Јаневска.

Среда, 11.11.2020 година, 8:15 часот. Точно  уште  465 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја. Уште еден обичен ден во време на пандемијата со КОВИД 19. Влегувам во деловниот објект на Стопанската комора на Македонија, најстарата, најзначајна и најбројна бизнис-асоцијација, каде што влегувале бизнисмени од 1960 година до денес, наречена зграда на бизнисот „Димитар Чуповски“ бр. 13. Надворешниот изглед на деловниот објект укажува на долгогодишното работење на Стопанската комора на Македонија. Ако некој објект постои толку долго, значи дека за тоа мора да има суштинска потреба. На влезот во објектот од десната страна се наоѓа Бизнис-канцеларијата, во која се издаваат документи за надворешно-трговско работење: сертификати за потеклото (сертификат за преференцијален третман на стоката и сертификат за потеклото на стоката) и АТА-карнет (меѓународен царински документ кој се користи за поедноставување на привремениот увоз во странска земја). Зад бирото, задлабочен во проверка на документите, колегата Игор Тасевски за кратко ја крева главата и поздравува. Во ходникот на растојание од 1,5 метри стојат две лица, кои чекаат да ги подигнат своите документи. Другите двајца колеги, Миле Стојчевски и Елида Силјаноска, денес, поради Одлуката на Владата на РСМ за превенција од заразата со КОВИД 19, работат од дома.

Веднаш до Бизнис-канцеларијата се наоѓа портирницата. Колешката Јасмина Зафировска нема да ве пушти да продолжите во вашите простории или во деловниот објект сѐ додека не ви ја измери температурата за да се осигури дека со вас е сѐ во ред. Се качувам на првиот кат. Некаде на крајот на ходникот, од левата страна, е сместена работната просторија на колегата Стево Серафимов. Тропам на вратата, но нема никаков одговор. Во телефонски разговор добив известување дека е на пат кон хотелот „Александар Палас“ за да ја подготви опремата за работната средба на министерот за земјоделство со компаниите од секторот, која ја организира Стопанската комора на Македонија.

На третиот кат во деловниот објект ме пречекува насмевката на колешката Ана Стерјова, која ја менува колешката Белинда Миновска на секретарското место. Истовремено работи на две работни задачи: правничките работи и организациските работи. На крајот на ходникот, од левата страна, колегите Михајло Донев и Анита Рафајловска подготвуваат план за идните обуки и семинари што ги организира Центарот за едукација, првенствено за своите членки, но и за другите. Членките мора навремено да бидат информирани за сите законски измени што се прават и теми од областа на нивното работење, како и унапредување на знаењата и на вештините за нивното работење. Листата на членките е голема, но не смее ниту една да се заборави. Тоа е задачата на Комората – да се грижи за своите членки. Изборот на предавачи е на највисоко ниво, но и целата организација на обуките и на семинарите. Почитувајќи ги препораките на Владата за превенција од пандемијата со КОВИД 19, реализацијата на обуките и на семинарите е виртуелна, со примена на најсовремена технологија.

Тропам на вратата од канцеларијата на оперативната директорка Анета Трајковска, која се наоѓа веднаш до канцеларијата на Центарот за едукација. Внатре ја гледам, задлабочена во фактурите, колешката Анита Ивановска. Заради превенција од вирусот КОВИД 19 и почитување на Одлуката на Владата, оперативната директорка ѝ ја отстапила канцеларијата на колешката за да нема групирање на повеќе од едно лице во работните простории. Ја прашувам за работата. „И покрај состојбата со пандемијата, интензитетот на работа е ист“, ми вели таа. Во соседната канцеларија е сместена колешката Јасминка Јовановска, задолжена за сметководствените работи. Таа најрано пристига во Комората, дури и пред почеток на работното време, и до 9 часот речиси половина од работата ѝ е завршена.

Во ходникот ја среќавам извршната директорка Билјана Пеева-Ѓуриќ. Се упатува на четврти кат, во салата 53, да присуствува на виртуелната панел-дискусија, заедно со директорката на здруженијата Татјана Штерјова-Душковска. Панел-дискусијата ја иницираше Стопанската комора на Македонија по објавените заклучоци од Владата на Република Северна Македонија за прифатената иницијатива недела да биде прогласен за неработен ден, со цел да даде придонес кон сеопфатно согледување на состојбите во сите сектори и дејности, соодветно нормирање на прашањето, како и креирање регулатива која ќе биде применлива и која ќе одговара на потребите и на можностите на македонското стопанство. На панел-дискусијата учествуваа стопанственици, претставници на различни сектори и дејности од индустријата, градежништвото, услугите и од трговијата, кои дискутираа со Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и за инвестиции, и со Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија.

Тропам на вратата на некои колеги, но не слушам никаков одговор. Во меѓувреме на телефонот ми пристигнува електронска порака, во која колегата Сашо Деспотоски, кој работи од дома, ни го доставува прегледот на економските статии со најнови информации, ставови, решенија. Во моментов, поради Одлуката на Владата на РСМ за превенција од ширење на заразата со вирусот КОВИД 19, 20 колеги ротираат со работа од дома и со физичко присуство во работните простории на секои три дена. Другите 31 колега работат само од дома. Бездруго, работата и натаму тече вообичаено, точно навреме, иако се работи од дома.

Им ѕвонам на телефон на колегите од регионалните комори во Прилеп, Битола, Штип, Кичево, Струмица и во Кавадарци. Колегата од Прилеп го крева телефонот и ме известува дека ќе ме побара за кратко бидејќи во моментот кај него се наоѓа странка која бара сертификат за потеклото. „Услугата на странките пред сè“ е мотото на Комората. Колешката од Кичево ме прашува дали сум ја добила анализата што ја изработила за потребите од занимања за компаниите од тој регион.

На четвртиот кат се сместени колегите одговорни за 19 здруженија, 10 асоцијации и за 39 групации, кои се во рамките на Стопанската комора на Македонија. Од десната страна на крајот на ходникот од деловниот објект се наоѓа работната просторија на колегата Вас.

Поврзани новости