ВМРО-ДПМНЕ: Пациенти умираат на пат до болница зашто нема терапија

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека нема соодветна терапија за болните од корона вирусот во државното здравство, каква што се добива во приватните болници. Затоа, според опозициската партија, пациентите умираат на пат до болница и по ходници на клиниките.

„Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира. Медицинските лица се целосно незаштитени. Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата починаа 13 медицински лица“, обвинуваат од опозицијата.

Поврзани новости