Двајца заразени со западно нилска треска во Србија

by Fokus

Од Институтот за јавно здравје на Војводина соопштија дека во Србија се потврдени два случаи на заразени со вирусот Западен Нил, пациентите се на болничко лекување и се во добра општа состојба.

Заразени комарци, кои ја пренесуваат болеста, досега се регистрирани на три локации во Србија – Белград, Ниш и Палиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Виролозите порачаа дека ова е период од годината кога се очекува да се појават заболени, бидејќи вирусот се пренесува со каснување на заразен комарец.

Специфичен лек за болеста, која најчесто се јавува од јуни до октомври, нема, а нема ни вакцина. Пациентите се третираат со терапија која ги ублажува симптомите.

Поврзани новости